Променливо облачно не’ очекува денеска со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20л/м2) проследени со локала појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степена – најавија од УХМР.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремен дожд, кој повремено ќе биде пороен, проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен југозападен, а попладне и во вечерните часови повремено засилен северен ветер.
Максималната температура ќе достигне 20 степени.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.