ММС

Објавено на: 04/2/21 10:17 PM

(ФОТО) Црвената ѕвезда на „Хајнекен“ во боите на Македонија во пресрет на ЕП 2020

Со победата во ноември над Грузија во финалето на плејофот на Лигата на нациите, македонската фудбалска репрезентација за првпат по три децении се пласираше на едно големо натпреварување. Избраниците на Ангеловски во јуни годинава во група со Австрија, Украина и Холандија, ќе се обидат да направат уште едно во низата изненадувања и освен „важно е да е учествува“, да остават посериозен печат на собирот на најдобрите европски селекции.

Гигантската пивска холандска компанија „Хајнекен“ на својата стаклена амбалажа посветена на претстојното Европско првенство, му оддаде чест и на македонските фудбалери. Препознатливата црвена ѕведа на пивскиот бренд беше исполнета со боите на македонското знаме.

 

Им благодариме на Холанѓаните и ветуваме дека ќе наздравиме кога ќе ги совладаме за неколку месеци. Веруваме дека нема да се налутат.

 

 

 

Фото:

Twitter / @MacedonianFoot

д.ј


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.