ММС

Објавено на: 04/2/21 9:43 PM

Кремљ: Русија ќе преземе дополнителни мерки доколку Украина добие воена поддршка од НАТО

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека доколку Украина добие воена поддршка од САД и НАТО, Русија ќе преземе дополнителни мерки, со цел осигурување на својата безбедност, јавува Агенција Анадолија (АА).

Песков одговори на новинарските прашања во врска со тоа Украина да побара воена поддршка од САД и НАТО доколку ситуацијата во Донбас стане тензична.

„Во случај да се случи вакво сценарио во близина на руската граница, тоа ќе предизвика уште повеќе да се зголеми тензијата. Се разбира дека руската страна треба да преземе дополнителни мерки, со цел осигурување на својата безбедност. Русија ќе ги преземе сите потребни мерки“, рече Песков.

Тој нагласи дека не е прифатливо и не е соодветно да се актуализира темата дека Русија е непријател.

„Русија никому не му се заканува и никогаш не се заканила. Всушност, нашиот став е базиран на тоа“, додаде тој.

Песков тензичната состојба на контактната линија во источниот дел на Украина ја опиша како многу страшна, тврдејќи дека Вооружените сили на Украина повеќепати извршиле провокација.

Инаку, Министерството за одбрана на Украина пред извесно време соопшти дека Вашингтон ветил дека ќе го поддржи Киев во случај да се влоши состојбата во Донбас.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.