ММС

Објавено на: 04/2/21 6:38 PM

Ќе се игра плеј-оф по финишот на регуларниот дел во Првата кошаркарска лига

Со мнозинството гласови денес е прифатен предлогот Кошаркарската федерација на Македонија за промена на системот на натпреварување во Првата машка лига.

Десет од дванесет клубови учесници во Првата лига го прифатија предлогот на Федерацијата кој предвидува заобиколување на втората фаза од првенството (Супер лига и Плеј-аут лига) и преминувајќи на третиот планиран дел, плеј-оф, по финишот на регуларниот.

-По завршување на регуларниот дел од првенството, односно по одигрување на 22 кола, да не се игра втората фаза од Првата лига-мажи, односно Супер лига и Плеј аут лига, и да се премине на третиот планиран дел, плеј оф. Доигрувањето би се реализирало со учество на осумте првопласирани екипи од првиот дел од првенството. Плеј аут, со учество на четирите последнопласирани екипи во регуларниот дел од сезоната, каде испаѓаат две екипи. Натпреварите од доигрувањето, плеј-офот, односно плеј-аут лигата би се одвивале во т.н.„балони“, а сите трошоци за реализација на турнирите ќе ги покрива федерацијата. Натпреварувањето да се одвива во четири одвоени турнири, преку кои ќе се реализираат четвртфиналните, полуфиналните и финалната серија на плеј-офот. Како и плеј-аут турнир по кој ќе бидат познати и двете екипи кои би се преселиле во понизок ранг на натпреварување – Втора лига. „Балоните“ би се играле во периодот од 17. мај, заклучно до 10. јуни, кога би го имале новиот шампион за сезоната 2020/2021, стои во соопштението на КФСМ.

КК Пелистер-Битола и КК МЗТ Скопје Аеродром се делумно согласни со предлогот, со дополнение, односно барање, во плеј-офот да разигруваат првопласираните шест екипи (наместо предложените осум) од регуларниот дел на оваа натпреварувачка сезона.

 

 

 

 

 

д.ј


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.