ММС

Објавено на: 04/2/21 4:35 PM

Приведен маж од струшко баран за затворска казна поради силување

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потрага, денеска во 15:40 часот во атар на село Подгорци, го приведоа  А.А. (32) од с.Подгорци, Струга, кој се барал по распишана потерница од КПУ-Затвор Струга во врска со извршено кривично дело силување, осуден на две години казна затвор, соопшти МВР.

Лицето, како што се посочува, ќе биде предадено на казнено поправната установа.

 

 

 

 

Извор:

mia.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.