ММС

Објавено на: 04/2/21 2:03 PM

Питон гризна човек за задник во ВЦ школка

Малезиските пожарникари мораа да извадат 10-метарски питон од тоалет откако еден маж бил каснат на задникот.

На 22 март, околу 17 часот и 10 минути пожарникарите биле повикани во предградијето на Геланг Патах во градот Искандар Путери во малезиската држава Јохор, по прилично алармантен повик за „огромна змија“ која била завиткана во тоалетот еден жител.

Откриен бил питон од три метри во тоалетот откако маж се обидел да седне на вц школката и змијата го гризнала на задникот.

Откако ја здогледал змијата најверојатно, станарот веднаш ја исконтактирал пожарната служба, па на лице место пристигнале седум пожарникари кои се обиделе да ја фатат змијата, а подоцна ја пуштиле назад во дивината.

Шефот на противпожарната служба Хаири Заинудин изјави:

-Питонот беше успешно фатен од змиското гнздо и оттогаш е ослободен далеку од зградата. Змиите обично излегуваат во оваа жешка сезона во потрага по ладни и влажни места.

Ова не е единствениот инцидент мала змија. Во предградието Скудаи во Искандар Путери, пожарникарите биле испратени до Технолошкиот универзитет во Малезија за да фатат триметарска кобра која била забележана под скалите.

 

Извор: Ало.рс

фото: Ало.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.