ММС

Објавено на: 04/2/21 11:37 AM

Чешел од 200 евра – Маја Шупут се пофали со скапоцените подароци на својот син

Маја Шупут се пофали со подароците што нејзиниот син Блум веќе ги доби.

-Она кога детето ќе го добие својот прв џин“, напишала таа  на видеото на кое се гледа   шише со натпис Блум. Потоа покажа уште еден луксузен подарок, оној потпишан од куќата на Тифани.

Имено, Блум доби детски чешел изработен од сребро со сина декорација, чија цена е нешто повисока од 200 евра.

-Овој детски чешел е подарок што ќе се цени со години“, стои во описот на производот на официјалната веб-страница на луксузната марка Тифани.

-Падна и првиот фенси чешел за малото бебенце“, додаде Маја со фотографија од подарокот.

Пејачката не може да ја скрие својата среќа поради раѓањето на своето прво дете.

-Подготвена за најубавиот Велигден досега. И да, како е можно да сакаш некого толку многу ????”, напиша таа покрај семејната фотографија која ја објави на Инстаграм.

Извор: Курир.рс

фото: Инстаграм


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.