ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/2/21 11:48 AM

Возбудена сум, сакам во кревет со Роналдо – Билјана не се откажува од португалскиот фудбалер

Да се дојде до Кристијано Роналдо, посебно за време на пандемија е невозможна мисија и поголема веројатност е дека ќе добиете на лото отколку да го запознаете португалскиот фудбалер.

Но, на Билјана Драгаш од Србија и се посреќи. Бринетата од Нови Сад го запознала Роналдо пред две години, а мечот помеѓу Португалија и Србија кој се играше пред неколку дена во Белград, го искористи за нова средба со славниот фудбалер.

 

Португалецот после ремито со Србија беше фрустриран и лут поради поништениот гол во последните секунди и револтиран ја фрли капитенската лента и замина во соблекувалната пред крајот на мечот. Но, кој знае, можеби бил среќен кога ја видел својата верна обожавателка.

– Го начекав на аеродромот. Кога во здогледав во автобусот почнавме да комуницираме со раце. Сакав да влезам во автобусот и тоа му го гестикулирав, но тој ми рече дека тоа е невозможно. Сакав да дојдам до него – раскажа за српски Курир, Билјана Драгаш која по професија е фармацевтски техничар.

Кристијано го обожава, а љубовта се родила пред две години кога исто така Србија беше домаќин на Португалија. Оттогаш таа често ги следи натпреварите на неговиот клуб Јувентус.

– Бев во Будимпешта, па во Торино. Го сакам одамна. Првпат се запознавме во Будимпешта, но тогаш не се сликавме. Пред две години кога доаѓаше ми мавна да му пријдам. Ме препозна, но можеби тоа не е добро да се знае – вели Билјана.

Таа е полудена по Роналдо и не крие дека го сака и дека е заљубена до уши. Сонува да заврши со него во кревет, но проблем е што срцето на Кристијано одамна го поседува Џорџина.

– Заљубена сум во него и тој тоа одамна го сфати. Би сакала да имам некоја афера со него. Изгледа како вистински маж, полн е со енергија. Ми се допаѓа како шета, како приоѓа, мажествен е и го сакам секој негов чекор – раскажа Билјана и призна дека никогаш немала ништо со него, но понекогаш му испраќала фотографии  писма.

Роналдо и понатаму не ја следи на Инстаграм.

– Јас го следам и на Инстаграм, тој мене не. Бев во конткат со еден боксер кој беше пријател со него. Имав некоја комуникација со Роналдо, но тоа сега не е важно.

До појавата на коронавирусот Билјана често патувала каде што играл Роналдо. Сега тоа е тешко да се изведе, но планира нова средба со него.

– Поради пандемијата е потешко, но би сакала да позборувам со него повеќе. Тој момент кога го прегрнав беше неопислив. Убаво е тоа што ми се случи. Се тресев од возбуда. Сакав да го сретнам и само поради тоа изнајмив соба во истиот хотел каде што беше и тој. Тоа се големи трошоци, но ги издвоив за тоа – признава Драгаш.

 

Извор: 24sata.hr

Фото: Instagram

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7