ММС

Објавено на: 04/2/21 11:02 AM

Скопјанец со „бмв“ удрил дете и побегнал, детето со тешки телесни повреди во болница

На 01.04.2021 во 18:10 чaсот на ул.„Лазар Трповски” во Скопје, патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ф.(28) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на незгодата.

Малолетничката била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”, каде од лекар ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.