ММС

Објавено на: 04/2/21 10:53 AM

Евросонг со публика и со негативен ПЦР тест

Изборот за песна на Евровизија доби дозвола од холандската влада за 3.500 луѓе да присуствуваат на музичкиот спектакл. Музичкиот спектакл ќе се одржи во ротердамската арена Ахој во мај, бидејќи беше откажана минатата година.

Според планот, местото ќе биде исполнето до половина од капацитетот, а оние што сакаат да присуствуваат мораат да имаат негативен тест за ковид 19 за да можат да влезат во арената.

Организаторите на Евровизија ја поздравија одлуката и рекоа дека „ќе ги разгледаат опциите кои сега се достапни“.

Тие додадоа дека здравјето и безбедноста на присутните „е нивни главен приоритет“ и дека сите уметници и нивните делегации ќе мораат да ги следат „строгите протоколи“.

Соопштенето било испратен откако се одржал сличен настан во Амстердам во март, на кој имало 1.500 навивачи на музичкиот фестивал, додека на 5.000 гледачи им било дозволено да присуствуваат и да ја поддржат Холандија во фудбалските квалификации за Светското првенство.

Минатата недела, сепак, премиерот Марк Руте рече дека полицискиот час и другите ограничувања поради корона вирусот ќе бидат продолжени за три недели до крајот на април. Конечните аранжмани за Евровизија ќе бидат потврдени на крајот на месецот и се уште може да бидат предмет на промена доколку се појави нов бран на инфекции.

Евровизија ќе се одржи од 18 до 22 мај, а организаторите претходно претставија четири можни сценарија, од поставување на целиот пренос како  досега, па до однапред изведени настапи без публика во живо.

Странските фанови на Евровизија најверојатно нема да можат да присуствуваат поради меѓународните ограничувања на патувањето.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.