ММС

Објавено на: 04/2/21 10:20 AM

Руските научници открија две сценарија за крај на пандемијата – според едно поблиску сме до крајот отколку што мислиме

Пандемијата со корона вирусот би можела да заврши за шест месеци по најоптимистичкото сценарио или за една година по песимистичкото, изјавила денес заменик директорката за клинички и аналитички работи при рускиот Централен научно-истражувачки институт за епидемиологија, Наталија Пшенична.

Според нејзините зборови, во април минатата година научниците правеле предвидувања на основа на математички калкулации и заклучиле дека епидемијата ќе трае најмалку 18 месеци или две години, а тие предвидувања до сега се исполниле, пренесува Тас с.

-По оптимистикото сценарио, пандемијата би можела да трае уште шест месеци. Најпесимистичкото сценарио предвидува дека пандемијата ќе заврши за околу една година, рекла Пшенична.

Таа повторно истакнала дека иднината на пандемијата зависи од однесувањето на луѓето, односно од почитувањето на пропишаните норми на однесување.

Извор: Информер.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.