ММС

Објавено на: 04/2/21 9:48 AM

Кина за пет дена ќе вакцинира цел град со 300.000 жители, поради 16 новозаразени

Во кинеската провинција Јухан се појавило ново жариште на коронавирусот, а властите најавиле дека поради тоа за пет дена ќе ја вакцинираат целата популација на еден град од 300.000 жители.

Државната телевизија „CCTV“ прикажала како луѓето чекаат во ред за вакцинација во Жуилиј, каде што од вторникот се потврдени нови 16 случаи.

Од вкупниот број на заразени 12 се Кинези, четворица се државјани на Мјанмар, со кој се граничи Јухан.

Претставник на Комунистичката партија во Кина вчера рекол дека во градот се пристигати првите 159.000 дози од вакцината.

Извор: Rs.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.