ММС

Објавено на: 04/2/21 8:57 AM

Ќе го испратиме со песна и насмевка – Васил објави детали за погребот на Зафир Хаџиманов

Васил Хаџиманов, синот на Зафир Хаџиманов, објави на Фејсбук дека погребот на татко му ќе биде во среда, на 7 април, на Новите гробишта во Белград.

-Погребот на татко ми Зафир ќе се одржи во среда, 7 април, на Новите гробишта, во кругот на неговото најблиско семејство и пријатели. Урната ќе биде положена во Алејата на заслужни граѓани. Кога помине оваа ужасна пандемија, ќе се збогуваме како што доликува и како што заслужуваше Зафир. Ќе го испратиме со песна и насмевка. Само на начинот на кој тој би сакал и начинот на кој го живеел целиот свој живот. Ви благодарам од се срце за многуте пораки за поддршка и разбирање, напиша Васил.

Ispracaj mog oca Zafira obavice se u sredu, 7. aprila na Novom groblju, u krugu najuže porodice i prijatelja.
Urna ce …

Posted by Vasil Hadzimanov on Thursday, April 1, 2021

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.