ММС

Објавено на: 04/2/21 9:01 AM

Дали е можно некој истoвремено да биде заразен со два соја на коронавирусот? Лекарите од регионот одговорија на ова прашање

Откако Универзитетскиот клинички центар во Република Српска на еден примерок откри присутност на два соја на коронавирусот, специјалистот по микробиологија и паразитологија Вишна Мрѓен изјави дека тоа е теоретски можно.

На примерокот е откриен примарниот „вухански сој“, но откриена е и мутацијата која се наоѓа во британскиот и јужноафриканскиот сој.  Мрѓен вели дека понатамошната дијагностика ќе продолжи со секвенционирање на вирусот, а тоа ќе биде спроведено од Институтот за јавно здравство на Република Српска.

Теоретки е можно кај еден пациент да откриеме присуство на два соја на коронавирусот. Целосната дијагностика сепак се заокружува со секвенционирање и на тоа ќе работат колегите од Институтот – наведува Мрѓен.

Таа истакна дека во периодот од 15 до 31-ви март во Клиничкиот центар се издвоени 96 позитивни примероци кои ќе бидат тестирани на мутантскиот сој на коронавирусот и дека е во тек анализата на овие примероци.

 

Извор:  srbijadanas.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.