ММС

Објавено на: 04/2/21 9:08 AM

Игор Којиќ се исели од станот на Северина

Со месеци се шпекулираше дека завршила љубовта помеѓу Северина (48) и нејзиниот сопруг Игор Којиќ (33), а тој сега наводно и конечно се иселил од нејзиниот стан во Загреб.

Којиќ бил виден во загребскиот Козјак како влече куфери и костуми на закачалка, и како товари работи во комбе регистрирано во Белград, откриваат очевидци за 24 часа.хр а ова е наводно втор пат во последните неколку недели да се појави пред станот на Северина , после тоа го немаа видено скоро една година.

Брзо се огласи менаџерот на Северина кој тврди дека работите се на Миа Поповиќ.

-Единственото селење кое се случи викендов беше оној на внуката на Северина, која се пресели со нејзиниот сопруг во непосредното соседство на Северина, поточно спроти зградата на пејачката, велат од ПР тимот на Севе.

Северина и Игор веќе долго време не се појавуваат во јавноста заедно, па дури и ги избришаа заедничките фотографии од Инстаграм, што дополнително ги разгоре гласините за разводот. Двајцата сè уште молчат за сè, а најновите информации за нивната врска ги дал таткото на Игор, Драган Којиќ Кеба.

-Кога ме прашувате за Северина и Игор, немам претстава што се случува во нивниот брак, не разговарам со нив! Ниту, пак, треба да се мешам во овие работи. Не се слушам често со мојот син затоа што има многу обврски и честопати не е дома. Не знам што се случи со Северина, не разговаравме за тоа. Таа е во Хрватска долго време, не знам дали планира да дојде наскоро, но таму е нејзиниот бизнис “, изјави Кеба за српски Телеграф во декември минатата година.

 

Извор: Дневник.хр.

Фото: Инстаграм


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.