ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/2/21 7:54 AM

Еден клик те дели до одмор баш каков што си замислуваш

„Спонзориран текст“

Во чекор со светските трендови, туристичката агенција Аурора Турс лансира систем за онлајн плаќање и резервации за патувања.

Аурора Турс е турстичка агенција со 30-годишно искуство и илјадници задоволни клиенти. Секогаш следејќи ги светските трендови, Аурора е меѓу пионирите на домашната туристичка сцена. Сакајќи да го олеснат пристапот и процедурата за резервација и плаќање за патувањата за сите клиенти, агенцијата лансираше софистициран систем за онлајн резервации на нивниот вебсајт.

„Свесни дека иднината е онлајн и имајќи го предвид брзиот начин на живот и комуникација, се решивме да воведеме систем за онлајн резервации и плаќање. Со овој пристап, на нашите клиенти им го олеснуваме целиот процес кој се сведува на само неколку едноставни и брзи чекори, а притоа е сигурен со сите потребни безбедносни дозволи и сертификати. Очекуваме лето во кое ќе се патува, а можноста за онлајн резервација на агенциските аранжмани секако ќе биде од корист.“ – вели Андреј Сирачевски сопственикот на Аурора Тоурс.

За Аурора Турс, посветеноста и грижата за клиентите е секојдневие. Сите кои изминатиот период ја посетија агенцијата и резервираа патување на некоја од популарните дестинации (особено популарни се Турција и Хургада, но и далечните патувања како Дубаи, Малдиви и Мексико), тимот на Аурора обезбеди сет за заштита и превенција од Ковид-19 (маска, средства за дезинфекција и сл.) во пакувања практични за носење во рачниот багаж.

„Очекуваме ова лето да биде подобро од минатата година кога и покрај околностите испративме солиден број на патници во туристичките дестинации кои овозможија безбеден туризам. Нашите истражувања и спроведените анкети велат дека луѓето не се плашат и сакаат да патуваат. Наша цел е да им им го овозможиме тоа и да им ја дадеме најдобрата понуда според нивните потреби, желби и буџет’’. – вели Сирачевски и додава: „Сето ова е потврда на нашата посветност и грижа како туристичка агенција да бидеме пример за грижа за своите клиенти.“

Во Аурора Турс, веќе се достапни најбараните летни аранжмани за патување во Турција со голем број на директни чартери, како и други понуди за Египет, Дубаи, Малдиви, Грција, итн.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1