ММС

Објавено на: 04/1/21 4:02 PM

(ВИДЕО) Во општина Чаир реконструирани се улици со вкупна површина од 9.300 метри со инвестиција од 573 милиони денари

Во општина Чаир реконструирани се улици со вкупна површина од 9.300 метри, со инвестиција од 573 милиони денари, информираат од Град Скопје.
„Особено сме горди дека и во Општина Чаир, чекор по чекор улиците го добиваат својот нов изглед и нивниот хаос полека станува минато. Со цел да се зголеми безбедноста на пешаците и велосипедистите во сообраќајот, работевме и на поставување и реконструкција на велосипедски и пешачки тротоари на вкупна површина од 15.900 метри. Од особена важност како во останатите општини така и во О. Чаир беше и уредувањето на зелената јавна површина од 63.000 m2 со 1.680 нови садници, изградбата на подобрување на водоводната и канализациона мрежа како и целосната реконструкција и опремување на училиштето Цветан Димов“, велат од Град Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.