ММС

Објавено на: 04/1/21 4:02 PM

Во сабота прво прскање против ларви од комарци за годинава

Во сабота на 3 -ти март (сабота), во раните утрински часови, ќе се врши авионска дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје, информираат од Град Скопје.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин“, велат од Град Скопје.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.