ММС

Објавено на: 04/1/21 3:15 PM

Во пензија заминуваат како помлади референти – јавно-обвинителската администрација бара повисоки плати и можност за напредување

Се донесоа законски измени со кои се зголемија обврските на јавно-обвинителската администрација, а платите останаа исти. 16.000 денари е платата или одвај нешто повисока од минималната е платата на помлад референт во јавните обвинителства.Многумина заминуваат во пензија како помлади референти.

Овој податок како илустрација на социјалните услови го укажаа на денешната прес конференција од синдикатот, што ги застапува правата на администрацијата во Обвинителствата. При тоа, потсетија на една изјава на обвинителката Вилма Рускоска: „Со толку луѓе,со толку капацитет, толку можам да се сработам“. Но, потсетуваат дека Рускосока со доаѓањето за шефица успеала да се избори за повисоки плати на луѓето кои го чинат обвинителскиот тим. Од 2013 година, кога почнаа да се применуваат новите законски измени, синдикатот укажувал дека обвинителската служба не е подготвена за новите обврски, додека тогашниот обвинител  Марко Зврлевски убедувал дека проблемите ќе се решаваат во о’д.

-Точно е дека овинителите се носители на јавно-обвинителската работа, но, за еден обвинител да даде ефикасна и брза правда, многу е битно како работи тимот околу него. А тимот околу него се соочува најпрво со тоа што е многу краток во луѓе. Има малку стручни соработници, некои обвинители воошто немаат стручни соработници, има малку возачи и записничари. Од таа причина можеби јавноста не е задоволна од брзината на решавањето на предметите, изјави Изабела Иванова, од Синдикатот на јавно-обвинителската администрација.

Од таму упатија повеќе барање, меѓу кои повисоки плати со што најниската плата би изнесувала 29.000 денари, плаќање на надоместоците на платата што им следуваат, признавање на образованието, како и можност за внатрешно унапредување.

-Да се одобрат пари за интерни огласи, односно внатрешно унапредување, како што тоа се прави како и во сите органи на управата. Исто така, проблем е пополнетоста на работните места. За илсутрација ќе го споменам податокот што го земав од сајтот на Јавното обвинителство, дека во 2019  година се пополнети само 338 работни места, а сме барале како Јавно обвинителство 1165. За раководни места сме барале 202, а сме одбиле само 11. По тоа може да се направи компарација, колку е кадарот во нашата служба,  рече Иванова.

Синдикатот на јавно-обвинителската администрација, кој е дел од УПОС, прв пат денеска излезе со прес конференција, поради специфичноста на работата, безбедносните сертификати и работа со ПИМ мерки, обврзувањето на тајност во работењето, со што не се присутни во јасност ниту се дел од штрајковите на судската администрација. Обвинителствата имаат недостаток од кадар, а еден адимнинистративец врши работа за две – три работни места. За илустрација во Основното обвинителство од Штип работат само шест административци од кои стручни соработници, записничари и возачи. Синдикалците веќе имале средба со државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, но забележуваат дека промените тешко се случуваат.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.