ММС

Објавено на: 04/1/21 3:13 PM

Тимо Вернер доби македонска лична карта со урнебесен матичен број

Фудбалската репрезентација на Македонија ја шокираше Германија во Дуизбург и ја победи со 2:1.

Еден од „најзаслужните“ фудбалери за триумфот е напаѓачот на Германија, Тимо Вернер кој промаши празен гол за водство на неговиот тим.

Поради бламажата, македонските фанови на Твитер го исмеваат, а сега се досетија дополнително да се пошегуваат на негова сметка. Вернер доби лична карта како државјанин на Македонија со матичен број кој гласи “1:2 1:2 1:2 1:2″.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.