ММС

Објавено на: 04/1/21 12:56 PM

Заев: Ќе се вакцинирам со онаа вакцина што тогаш ќе биде на ред

Пристигна втората донација на вакцини од Република Србија во многу значајно време за нас, тоа се 20.000 дози од Спутник В за да продолжи континуитетот на масовната вакцинација во земјава, изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес конференција, заедно со министерот за здравство Венко Филипче.

-Благодарност до братскиот српски народ, премиерот Александар Вучиќ, премиерката Брнабиќ. Пријателите си помагаат кога е најтешко, рече Заев и испрати порака до сите граѓани да влезат во системот за масовна вакцинација. Тој лично и миниистрите се пријавиле онлајн. Додаде дека вакцината е здрава, проверена, меѓународно тестирана,.

Министерот Филипче исто така се заблаодари за вакцините од „Спутник В“ на претседателот  Вучиќ, министерот Лончар и премиеркта Брнабиќ. „Спутник“ ќе биде за надополнување на критичните категории, но и за почеток и на оние категории кои ги најавивме. Ќе ја чекаме официјалната потврда на агенцијата ЕМА и нивното мислење дали на помлади групи на граѓани може да се даде вакцината на АстраЗенека, рече Филипче.

На прашање колку Македонци изминатиот викенд се вакцинирале во Србија, министерот Филипче изјави дека тоа се околу 10.000 граѓани, и во координација се со српскиот министер Лончар да се достави податоците електронски од тие граѓани.

Премиерот Заев рече и дека ниту тој ниту некој од министрите до сега не се вакцинирани, сите се пријавени на апликацијата и го чекаат својот ред. Исто така истакна дека ќе се вакцинира со онаа вакцина што ќе биде на ред.

Моника П. Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.