ММС

Објавено на: 04/1/21 11:09 AM

„Македонците полудеа откако им ја легализираа тревата, играат како Бразил“, реакции на Твитер после триумфот над Германија

Легендарната изјава на бившиот англиски фудбалер Гари Линекер од пред триесетина година дека фудбалот е игра во која секогаш победуваат Германците доби нова димензија.
Македонија го совлада четирикратниот светски првак во Дуизбург со 2:1 во првата пресметка против него и му го нанесе првиот пораз после 20 години во квалификациите за Светските првенства.
Храбрата игра на нашите фудбалски херои Пандев, Елмас, Адеми, Велковски, Барди, Трајковски и останатите, како и одличната тактика на селекторот Игор Ангеловски го натераа Линекер да го смени мислењето за Германија.
Тој на Твитер објави:
“Господе боже, Германија загуби од Северна Македонија“, со што во вода му падна онаа легендарна изјава: “Фудбалот е едноставна игра. 22 играчи трчаат по топката 90 минути, а на крајот Германците секогаш победуваат“.
Да, Германците секогаш победуваат, освен кога против себе ја имаат репрезентацијата на Македонија.

Еве ги некои од најдобрите реакции на Твитер после победата на Македонија.

Извор и фото: Twitter

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1