ММС

Објавено на: 04/1/21 9:04 AM

Индискиот сој на коронавирусoт може да влијае врз антителата: Д-р Гњатовиќ со предупредување за „двојниот мутант“

Кај новиот сој на коронавирусот кој се појави во Индија загрижува тоа што влијае на антителата, вели д-р Марија Гњатовиќ од белградскиот Институт за примена на нуклеарна енергија. Во изјава за РТС таа потенцира дека нормално е вирусот да мутира, бидејќи што повеќе луѓе се заразени, толку почести ќе бидат неговите промени.

„Кај индиската варијанта се случија две значајни промени, едната е карактеристична за бразилскиот, а другата за калифорнискиот сој. Тоа влијае на брзината на ширењето, но може да се случи и ширењето да успори, меѓутоа кај индискиот сој загрижува тоа што може да влијае на антителата“, предупреди докторката.

Според неа, новиот индиски сој се нарекува уште и „двоен мутант“ и може да влијае на антителата.

„Таквиот нов сој може да влијае на антителата кои се создале од вакцината, како и на природните антитела кои се создаваат со прележување на болеста“, објаснува Гњатовиќ.

Докажано е дека постоечките вакцини штитат од британскиот сој, а малку се полоши резултатите кога се работи за јужноафриканскиот сој – додава Гњатовиќ.

 

Извор: telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.