ММС

Објавено на: 04/1/21 8:24 AM

Вредни фотографии и документи во монографијата по повод јубилејот на Државниот архив

Државниот архив денеска го слави своето 70 годишно постоење, а по тој повод во НУ „Музеј на македонската борба ќе се одржи свечената академија.

На свеченостра ќе биде промовирана монографијата „Печат на времето – 70 години Државен архив (1951-2021)“ во која ќе биде презентиран историскиот развој на Државниот архив, низ најзначајни фотографии и документи со кои располага Архивот, а ќе биде промовиран и зборникот „Првите луѓе на Државниот архив (1951-2021)“. По завршувањето на официјалниот дел на настанот, гостите ќе може да ја погледнат изложбата „Скопската градска општина“ посветена на градоначалниците на град Скопје. -Со оглед на условите во кои се наоѓаме, овој јубилеј ќе биде скромно одбележан, но сметаме дека е од особено значење ваквите јубилеи да ги искористиме за да уште еднаш го потенцираме исклучителното значење на Архивите и на архивските работници, како во нашата земја, така и во целиот свет, соопштуваат од Државниот архив.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.