ММС

Објавено на: 04/1/21 7:41 AM

Внимателно на влезот во Охрид, од страната на Ресен се изведуваат градежни работи

На магистралниот пат Ресен-Охрид, пред влезот во Охрид од денеска ќе се изведуваат градежни активности, информира Авто мото сојузот на Македонија.

На местото каде ќе се изведуваат градежните работи, ќе биде поставена соодветна собраќајна сигнализација.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива непречено по суви коловози, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1