Само две репрезентации во изминатите три децении успеале да ја победат Германија во еден квалификациски циклус за Светско првенство: Англија и Македонија.
Поразот од 1:5 на „панцирите“ против Англија во 2001 година до вечерва беше единствениот пораз големата фудбалска нација од 1985 година. Во Дуизбург, селекцијата на Македонија успеа да им го нанесе вториот пораз на Германците и да се најде „рамо до рамо“ со Англија во одбрано друштво.
Најголемата победа во историјата на фудбалот од осамостојувањето на држава, македонските фудбалери кои оставија „душа и срце“ на пеколното гостување ја прославија со песна, добропознатиот ритам на „Ауфидерзен“ од трибините на екс-ју просторите, заслужен алкохолен пијалок и шампионска одлична атмосфера.
— out of context macedonian football (@OoCMacedonia) March 31, 2021
Патувањето до Скопје за овие играчи никогаш нема да биде поубаво и послатко, убедени сме во тоа.
Фото:
Twitter / @BTSport
д.ј