Што уште да кажам освен да заплачам, изјави Игор Ангеловски по победата над Геманија
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/31/21 11:11 PM

Што уште да кажам освен да заплачам, изјави Игор Ангеловски по победата над Геманија

Фудбалската репрезентација на Северна Македонија ја совлада Германија со 2: 1 и ја забележа најголемата победа во историјата од осамостојувањето. После мечот коментар даде селекторот Игор Ангеловски, кого го совладаа емоции.

– Што да кажам. Не можам, од емоции, од среќа. Ги направивме Македонците горди и среќни. Ова е како освојување на Европско првенство – рече Ангеловски по големиот триумф против Германија, а потоа продолжи:

– Дојдов тука со овие момци затоа што ми ветија дека ќе слават. Жена ми беше во болница, имаше симптоми на Ковид-19, за среќа сега е подобра. Децата ме поддржуваа. Ви благодарам на сите. Што уште да кажам, освен да заплачам.

Прозборе и за легендарниот Горан Пандев кој одигра уште еден одличен натпревар.

– Пандев е неверојатен човек, лидер на овој тим. Тие се бореа лавовски за да ја напишат историјата на својата држава, јас сум горд на овие момци.

Извор: espreso.co.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7