ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/31/21 6:10 PM

Ангеловски ќе има простор за маневар: УЕФА дозволи пет замени по натпревар на ЕУРО 2020

Правилото на ФИФА за останување на сила на пет замени по натпревар во квалификациите за Мундијалот во Катар 2022, прифатено е и од страна на „Европската куќа на фудбалот“, па така селекциите кои ќе настапат на Европското првенство летово ќе можат да користат пет фудбалери во својот состав, пренесува „BBC Sport“.

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, на претстојното Европско ќе има „слатки маки“ при изборот на првата 11-ка, но и на оние кои ќе бидат дел од ротацијата, а воедно и поголем простор за тактички маневар во зависност од опонентот.

Во завршницата на Лигата на Нациите во октомври и плејофот за испаѓање следниот март, исто така ќе бидат дозволени по пет замени на меч.

Ставот на УЕФА е дека правилото останува валидно со цел да се помогне на натпреварите кои се под влијание на пандемијата на коронавирусот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7