ММС

Објавено на: 03/31/21 1:27 PM

Реџепи: Не сакаме Коалицијата во Собранието да биде „црна овца“што блокираат и кочи закони

Собранието ќе се одблокира тогаш кога ќе се постигне решение за Законот за државјанство. Предлозите од Власта се дадени понудени се  решенија за кои што очекуваме компромис,  изјави денеска Скендер Реџепи Зејд Алијанса и Алтернатива по средбата со премиерот Зоран Заев и пратеничката група на СДСМ.

„На добар пат сме да изнајдеме трајно решение за Законот за државјанство, една законска рамка преку која сите граѓани на кои што им беше оневозможено досега да најдат решение и да живеат достоинствен живот, конечно да добијат државјанство,“  Реџепи.

Од Владата имало предлог да има закон со преодна одредба, што, како што рече, заедно со коалицискиот партнер Алијанса за Албанците, ќе го разгледаат. Истовремено, побарале Владата да разгледа неколку точки што тие ги предложиле и да се дојде до некаков компромис.

„Не ни е цел како коалиција да бидеме црни овци кои ќе кочат и блокираат закони, туку да бидеме оние кои ќе им служат на лицата на кои им е блокирано правото на државјанство и на живеење. Ќе седнеме како пратеничка група да ги разгледаме сите опции кои се отворени на средбата,“ рече Реџепи.

Тој не сакаше да каже за колкав број на „фантом“ граѓани станува збор, за тоа биле надлежни институциите, потенцирајќи дека согласно Меѓународната конвенција на ОН ниту еден граѓанин не смее да биде без државјанство.

Според него, актуелното решение што го имаат предложено и поради чие недонесување ги блокираат другите закони во Собранието, може со комисиски амандмани да се дорегулира.

„Најголемиот проблем поради кој овие дискриминирани граѓани се одбиваат да добијат државјанство е членот 7 точка 8, од постоечкиот Закон за државјанство според кој се бара мислење од Државна безбедност, дека не се опасни по државата. Таа одлука е субјективна,“ додава Реџепи.

За пописот, вели дека одлуката за одложување на пописот  не била здрваствена туку политичка одлука. Најави дека ќе ги искористат сите демократски можности да го блокираат одложувањето на оваа статистичка процедура.

В.Кр


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1