Сакам полн стадион во Скопје кога ќе заминам во пензија, Пандев уште еднаш потврди дека ќе ја заврши кариерата
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/31/21 1:21 PM

Сакам полн стадион во Скопје кога ќе заминам во пензија, Пандев уште еднаш потврди дека ќе ја заврши кариерата

Иако селекторот Игор Ангеловски и тренерот на Џенова, Давиде Балардини сметаат дека можат да го убедат да одигра уште некоја година, нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев е цврсто убеден во својата одлука дека после оваа сезона ќе стави крај на активното играње фудбал.

Германските медиуми два дена не престанаа да пишуваат за Пандев Велики и неговите следбеници. Фудбалската легенда пред мечот со Германија во квалификациите за СП 2022 (вечерва, 20.45) во интервју за Morgenpost уште еднаш потврди дека оваа сезона му е последна во фудбалот.

Пандев планира да го одигра последниот меч како фудбалер и капитен во дресот на својата најголема љубов, репрезентацијата на Македонија, против неколкукратниот светски првак Германија на 11 октомври во Скопје.

„Всушност, би сакал да ја завршам кариерата оваа есен пред мојата публика, на, се надевам, распродадениот национален стадион во Скопје. Оваа одлука ја донесов пред оваа сезона и не можам да замислам да играм уште една година во моментов. На 37-годишна возраст можете да го напуштите теренот за помладите со високо крената глава“, вели ветеранот.

Селекторот Ангеловски не се сложува со тоа. Тој сака прво да играат на Светско првенство Катар, па потоа ќе му дозволи да оди во пензија. А, во пензија не го пушта ниту тренерот на Џенова, Балардини. Двајцата сметаат дека тој може да одигра на врвно ниво барем уште една сезона.

А, доказ за тоа е неговиот дух. Пандев никогаш не се предавал и затоа најави изненадување вечерва против Германија.

А, Горан Пандев не се предава и најави изненадување и против Германија.

“За нас е чест што ќе играме против голем противник. Ние сме подготвени да го дадеме максимумот, иако ова ќе ни биде трет натпревар за седум дена. Германците знаат против кого играат, знаат со каков квалитет располагаме и сигурно одлично ја анализирале нашата игра. Но, ние сме сосема различна репрезентација од пред пет или шест години, сега сме далеку посилни, сега сме учесници на ЕП и сметам дека и противникот ќе биде претпазлив. Тие се фаворити, тоа е јасно, но мораме да веруваме во себе и да веруваме дека може да ги изненадиме“, изјави тој.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7