ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/31/21 11:04 AM

Започна вакцинацијата и во Битола

И во Битола започна вакцинацијата на лицата постари од 77 години со вакцината Астра Зенека. Вакцинацијата се одвива во училишната амбуланта на ОУ „Даме Груев“ во Битола.

Како што информираат од вакциналниот пункт, утрово вакцинацијата почна во најдобарт ед, екипата е организирана, а граѓаните се информирани за вакцината. Пријавувањето се врши преку Мој Термин, а оние кои доаѓаат да се вакцинираат го запазуваа терминот. Пред да се вакцинираат, им се вршеше медицински преглед од страна на доктор.

После примањето навакцината, мора да седат 15 минути во случај да не се појават комликации.

Повозрасните битолчни кои се вакцинираа велат дека се надеваат на подобро, но времето ќе покаже. Исто така потенцираа дека се задоволни од докторите и медицинските сестри во вакциналниот пункт.

Директорката на дравствениот дом „д-р Хаим Абраванел“ во Битола истакна дека дневно во Битола се планирани по 100 вакцини, во текот на вчерашниот ден пристигнаа 1400. А набавката на уште вакцини ќе оди согласно потребата и завршувањето на вакцините.

По однос на објектот, таа напомена дека објектот ги сиполнува сите услови за вакцинален пункт кои им беа посочени од страна на Министерството за здравство.

 

Маја Богоевска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1