ММС

Објавено на: 03/31/21 8:08 AM

Мутациите на вирусот не ја загрозуваат имунизацијата и единствено со вакцинација ќе ставиме крај на пандемијата, вели д-р Ана Банко

Вирусологот д-р Ана Банко предупреди дека бројот на заразени расте бидејќи вирусот има „премногу домаќини и прилики за да мутира“ и да создаде мутанти кои потенцијално би биле отпорни на вакцината. Сепак, докторката смета дека вакцинацијата е единствениот избор со кој може да се предвиди крајот на пандемијата.

„Во текот на изминатата година можевме да се надеваме на други решенија, но денес решението го имаме – вакцинацијата е единствениот избор ако збруваме за крај на пандемијата или барем за оној дел со текот на трансмисијата каде може да зборуваме за контрола на ширењето на овој вирус“, вели Банко во изјава за РТС. Коментирајќи ја можноста за загрозување на процесот на имунизација со мутирање на вирусот, Банко нагласи дека мутациите на вирусот се всушност негова природна појава.

„Не можам да кажам дека не може да го загрози процесот на вакцинација, но што подолго вирусот циркулира меѓу популацијата, тој има премногу домаќини и прилики да мутира и ние впрочем, му даваме премногу прилики да го создаде оној таканаречен мутант кој потенцијално би бил отпорен на вакцината“, предупредува Банко. Таа оценува дека вакцините може да се адаптираат, но нагласува дека процесот на вакцинација мора да биде побрз од вирусот. Банко оценува дека во поглед на создавањето колективен имунитет вирусот е „чисто епидемилошко прашање“ и дека со сите свои особини и способноста за ширење ги побива проценките за колективен отпор.

„Наместо почетниот имунитет од околу 60 проценти, кој сметавме дека е доволен, денес се споменуваат 80 односно 90 проценти, поради измените на вирусот“, нагласува д-р Банко.

Таа оценува дека вакцините се ефикасни против сите мутации, особено кога се работи за британската варијанта која доминира.

„Сепак, не можеме да зборуваме за тоа дека новите варијанти се отпорни или резистентни на постоечките вакцини“, заклучува Банко.

 

Извор: danas.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1