ММС

Објавено на: 03/30/21 8:31 PM

(ВИДЕО) Митровиќ не знае за доста, со два гола го сруши Азербејџан и му донесе нови три бода на Србија

Не би сакале да му се мешаме на Скот Паркер во неговата селекција и начин на борба за опстанок во Премиер Лигата, но мистерија останува како англискиот стратег во првиот тим не успеа да го интегрира Александар Митровиќ по враќањето од повредата, додека Фулам „мака мачеше“ со постигнување голови.

По двата фантастични погодоци против Ирска и инстант-импактот од клупата за резерви и погодокот во нерешениот 2:2 резултат против Португалија исто така на „Рајко Митиќ“, поранешниот напаѓач на Партизан и Андерлехт повторно стрелаше. Овојпат „жртва“ на расположениот Митар беше тврдата селекција на Азербејџан.

Заморот во репрезентацијата предводена од Драган Стојковиќ – Пикси беше евидентен и долгото патување во Баку силно влијаеше врз изданието на Србија против аутсајдерот. Но, малку на искуство, малку на индивидуален квалитет, „орлите“ го заокружија првиот дел од квалификациониот циклус за Светското првенство во Катар 2022 со седум бодови.

 

Релативно рано Србија премина во водство, откако Душа Тадиќ му асистираше на Митровиќ, а овој од работ на шеснаесетникот со хируршки прецизен шут го совлада Махамадалиев. Во 59-тата минута, Филип Костиќ наивно наседна и го фаулираше противничкиот играч во својот петерец. Судијата досуди пенал кој „Азерите“ го искористија и израмнија на 1:1. Митар не дозволи изненадување. Додавањето на Сергеј Милинковиќ-Савиќ го прифати шпицот на Фулам и со полу-волеј „од колено“ го пронајде патот до мрежата на денес солидниот голман на Азербејџан.

Победата на освежената и во ново руво Србија ја одведе на првата позиција на табелата во групата А со седум освоени бода. Сега е и повеќе од извесно, Србија ќе патува на Мундијалот, дали преку баражот или директно како апсолутен победник во тешката група со европскиот првак Португалија, останува да почекаме.

 

 

 

 

 

 

Фото:

skysports.com

д.ј


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1