Филипче контра Пендаровски: Сликите од Србија не се срам, конкретна поддршка од претседателот изостана
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/30/21 4:51 PM

Филипче контра Пендаровски: Сликите од Србија не се срам, конкретна поддршка од претседателот изостана

Министерот за здравство, Венко Филипче, изненаден е од изјавата на претседателот Пендаровски во врска со „срамните“ слики од вакцинацијата на македонските граѓани во соседна Србија, велејќи дека тоа претставува одраз на солидарност во услови на криза.

-Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза. Покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја. Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре, изјави Филипче.

Тој искористи прилика да напомене дека во сиот процес на обезбедување на вакцини за имунизација на населението, конкретната поддршка од Пендаровски и институцијата претседател изостанала.

-Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана, вели Филипче.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7