ММС

Објавено на: 03/30/21 4:22 PM

(Фото-видео) Како „Борис Трајковски“ се подгвотвува за масовна имунизација

Спортската сала „Борис Трајковиски“ се подготвува  за масовна имунизација од од Ковид -19. ММС беше во салата, каде веќе се монтираат кабините во кои граѓаните ќе се вакцинираат. Во салата ќе бидат наместени и столчиња , на кои по вакцинацијата граѓаните ќе треба да поминат 10 минути на опсервација, а лекарски тим и тимови на итната помош ќе ја следат нивната реакција откако ќе се имунизираат.

– Во следните два ипол месеци  салата „Борис Трајковски“ ќе биде резервирана за имузација за граѓаните, а потоа ќе следуваат спортските активности кои имаат направено резервација за салата, изјави директорот, Александар Петровски, и додаде дека сите подготовки треба да бидат завршени до вечерва.

Министерот Филипче во понеделникот веќе најави дека во спортската сала „Борис Трајковски“ ќе се одвива имунизацијата на граѓаните.

-Тука ќе има едно 30 тина позиции, лекари и сестри од здравствените домови ќе ја спроведуваат вакцинацијата, тогаш кога ќе стигната и дополнителните количини кои ги очекуваме од Кина, а според најавите од Кинеската амбасада сега тие интензивно работат во делот на обезбедување на точниот датум на транспорт. Компанијата Фајзер конечно го потврди одговорот, се откажаа од тоа како услов за договорот да има специјален компензациски фонд и во текот на петокот како што

веќе објавивме стигна потврда дека оваа недела треба да се потпишат договорите со земја членка на ЕУ како трипартитни договори и тоа е повторно со компанијата Фајзер. Значи април ќе биде месец кога очекуваме вакцини да стигнат од повеќе места и навистина после оваа приоритетна група на граѓани над 75 години и други граѓани се повикаат и бидат вакцинирани – изјави вчера министерот.

Во неделата пристигнаа 24.000 вакцини од АстраЗенека преку Ковакс механизмот. Граѓаните кои се на возраст над 75 години ќе имаат можност први да се имунизираат имунизираат.

Вакцината е безбедна за граѓаните, апелираше Филипче, а ревакцина за истата ќе биде за 3 недели од примањето на првата вакцина.

– 20.000 граѓани коишто се веќе пријавени и се на возраст над 75 години во текот на денешниот и утрешниот ден преку матичните лекари ќе добијат термини согласно местото на живеење, во кој пункт и точно во кое време од среда натаму да се јават на вакцинација. Rазговараме со повеќе институции заинтересирани државни итнституции, постепено се генерираат и други списоци од други извори за понатаму во текот на месецот да бидеме спремни за и други категории на граѓани да се вклучат во процесот на имунизација – изјави Филипче.

Ревакцинацијата со Астра Зенека е за 3 месеци, а според најавите останатата количина од 100 000 од оваа вакцина,преку Ковакс механзимот во нашат земја треба да стигнат до крајот на април.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.