ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/30/21 1:49 PM

Ако видите ваков знак над влезната врата од станот, веднаш повикајте полиција

Граѓаните на Нов Белград за време на викендот забележале мали ознаки покрај ѕвончето пред влезната врата во Блок 45, а истото се случило пред неколку денови и во Блок 64. Станарите се сомневаат дека крадци ги означуваат становите.

Станарите на многу згради во овој дел на Нов Белград забележале со молив напишано „Х“ или изрезбано, а покрај нечии ѕвончиња имало и неколку бројки, па луѓето се сомневаат дека тоа е ознака на времето кога тие не се во своите станови.

Многу станари се пожалиле дека ги барале и на фиксен телефон, а кога ќе се јават врската прекинува.

Марко Милинковиќ е еден од станарите во Блок 45 кој покрај својата врата затекнал таква ознака.

-Враќајќи се од работа забележав мал „Х“ напишан покрај вратата. Истиот ден во разговор со сопругата, кога таа се вратила од работа, дознав дека на постоечката Фејсбук група Блок 45 се јавиле многу луѓе со слични случаи, рекол Милинковиќ.

Според него ги известиле сите соседи од влезот на зградата на постоечката Вибер група и заклучиле дека со слични ознаки, покрај неговиот стан, има и на приземјето и на 4-от кат.

Милинковиќ рекол дека на секој кат е обележан по еден стан, а ознаките се различни, или „Х“ или време.

Како што додал тој, соседите се сомневаат дека се работи за крадци и истакнал дека на групите се кажува дека се работи за означување на станови и пратење кои станови се празни и во кој период.

Тој нагласил дека сите ознаки се избришани и случајот е пријавен во полиција.

На сите згради во кои се појавиле такви ознаки, немало видео-надзор.

Извор: Дневно.рс

Фото: Pixabay.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7