ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/30/21 11:06 AM

Љубовта со ќерката на Милошевиќ ме чинеше кариера: Иван Гавриловиќ за врската со Марија

Една од најпопуларните турбо-фолк ѕвезди во 90-тите Иван Гавриловиќ откри детали за врската со Марија Милошевиќ, ќерка на некогашниот претседател Слободан Милошевиќ, со која, како што рекол се забавувал една година.

Во неколку наврати истакнал дека се работи за голема и длабока љубов, а потоа решил да раскаже се за неа.

-Никој не ја запознал вистинската Марија Милошевиќ, освен мене, тоа можам слободно да кажам, ја започнал тој приказната.

Тој тврди и дека на среде едно летување во Грција го киднапирала Удба и било наводно одлучено потполно да го уништат. Дури и му го украле турбо-фолкот, кој тој го измислил со песната „200 на сат“, па наводно поради тоа се повлекол од јавноста.

-90-тите години беа навистина опасни и ми го променија животот. Се најдов на место на кое не требаше да бидам. Годините поминуваат, некој верува, некој не верува, но важно е дека главата ми е на рамена и за тоа можам да му се заблагодарам на Бог, но времето беше навистина опасно, рекол Гавриловиќ.

-Во тоа време не чувствував никаква опасност, патував сам по светот, повеќе бев во странство и авион отколку овде. Одев во Америка, Австралија, Африка, цел запад го прошетав. Не барав ништо, никакви пари, не ми беше ништо потребно да бидам популарен, а се случи и таа љубов со Марија. Веројатно тоа беше сомнително, а подоцна имав разни притисоци и проблеми, па морав да ја прекинам кариерата, тврди тој, пишува Курир.рс

Гавриловиќ додал и дека, кога ќе се собере се, криво што некој не му кажал „дека тука не му е местото“.

-Ме прашуваа: Како е надвор? Патуваш, ја им викам: Убаво е. Што знаев. Млад на 23 години, политика не ме интересираше. Веројатно некој проценил кој е овој исфарбан русокос, патува во странство, можеби мислеле дека сум некој шпион. Не сум мислел дека можам некого да загрозам. Мене ми е криво што никој не ми кажа: „Бегај мали, не ти е овде место, тоа е ќерка на претседател, најубав си на естрадата, убаво пееш, имаш зелени очи, ајде тргни се“. И јас би отишол и никогаш немаше да ја побарам, мојата приказна може да биде наука за генерации, раскажал пејачот.

-Само ми е жал што испаднав жртвено јагне за околината. Целиот тој случај да поминам на турбулентен начин и многу од тоа да ме удри во глава после тоа, рекол тој и додал дека бил свесен во што се впушта, но за ништо не ја обвинува Марија.

-Јас како млад на 25-26 години мислам дека не бев доволно свесен во што влегувам, а ни доволно паметен дека постојат други работи кои можат да ме доведат во незгодна ситуација. Јас сам себе потоа си го спасував животот, а се мислеше дека имам некој бенефит. За тоа не е Марија виновна, туку на кој тоа му сметаше. Можеше да рече: Мали оди таму. Многу изгубив, една година и повеќе за да се вратам во нормален живот.

Извор: Мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1