ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/29/21 10:16 PM

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува негаторските и шовинистичките изјави на Џамбаски кон постоењето на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува негаторските и шовинистички изјави на Ангел Џамбаски кон постоењето на Македонија. Тие велат дека Владата мора да има системски одговор на ваквите провокации и навреди.

-Ова ли е заедничкото пријателство за кое збори Заев? До кога ќе молчи македонската влада на ваквите негаторски и шовинистички изјави? Ова доаѓа откако и самиот Заев даде скандалозни толкувања за јазикот, историјата и идентитетот, стои во реакцијата на опозиционата партија.

Бугарскиот европратеник Џамбаски, на својот „Фејсбук“ профил објави видео во кое се заканува и вели дека крајот на Македонија ќе биде ужасен и брз.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7