ММС

Објавено на: 03/29/21 9:54 PM

Повредени 20 лица од експлозија во рафинерија за нафта во Индонезија

Дваесет лица се повредени во експлозијата што се случи во рафинерија за нафта во регионот Индрамају во индонезиската држава Западна Јава, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста што ја објави весникот „Република“, дошло до експлозија во државната нафтена рафинерија „Пертамина Балонган Петрол“. Од експлозијата повредени се 20 лица, од кои 5-мина потешко. Властите информираа дека лекувањето на повредените лица се одвива во локалните болници.

Засега не е позната причината за експлозијата, а во тек се активности за гаснење на пожарот.

Претставниците на власта соопштија дека стотици лица се евакуирани од подрачјето.

Според изјавите на очевидците, експлозијата настанала во 00:30 часот по локално време, а од разорното дејство на експлозијата оштетени се домовите во околината.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1