ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/29/21 7:44 PM

(ВИДЕО) Пет „парчиња“ во мрежата на Бугарија и прослава со „Бисер балкански“ на нашите У21 фудбалери

По поразот од Казахстан од 1:2 и нерешениот исход против Словачка од 2:2, македонската фудбалска репрезентација до 21 година на контролниот подготвителен турнир во Анталија, „го искали бесот“ на источниот сосед постигнувајќи пет погодоци во фантастичната победа од 5:1.

Новата надежна генерација на македонски фудбалери предводени од Благоја Милевски, во рамките на „Анталија Купот“ им одржа лекција на своите генерациски опоненти од Бугарија.

Илиевски во десеттата минута од дуелот го најави „потопот“ на бугарската репрезентација, откако го пронајде патот до мрежата на противникот. Гроздановски во 30-тата минута го удвои водството, а Максимов со два последователни голови во 57-та и 76-тата минути стави крај на неизвесноста, доколку воопшто и постоеше на овој дуел. Дичев на десеттина минути при крајот на натпреварот го совлада сопствениот голман и ја потврди „петардата“ во Турција.

Младинците кои преку овие пријателски мечеви ја темпираат формата за квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2023 година, знаеја на кој начин да ја прослават големата победа. Во соблекувална, со неофиијалната химна на сите спортски колективи во земјата, „Бисер Балкански“.

 

 

Фото:

makfudbal.mk

д.ј


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1