ММС

Објавено на: 03/29/21 9:45 PM

(ВИДЕО) Поезија во автобусот 41 за Драчево – Горазд Китановски ја промовираше книгата на необичен начин

Вирално се шири видео на социјалните мрежи како младо момече во јавен превоз промовира книга пред патниците. Станува збор за Горазд Китанвоски, кој напишал книга, како што вели и самиот во видеото, и бидејќи условите во моментов се такви, тој не успеал да направи јавна промоција, па одлучил тоа да го направи на пат до дома, додека се вози во јавниот превоз, на автобуската линија 41 за Драчево.

„Денес беше убав ден. Рецитирав поезија во 41 (два пати дури, и на одење и на враќање). Чувството е феноменално кога на некој ќе му го разубавиш денот, барем на момент“, вели Горазд во објавата.

Книгата која Горазд ја промовираше на невообичаен начин и уникатен носи наслов „Бетер Times“. Тој за време на неговата промоција во автобус, на патиците им подава листови да дополнат реченица, за како што вели и самиот „собира стихови“ за неговиот следен прокет.

„Исто така работам на нов проект насловен “НИЕ”, каде “собирам стихови” од луѓе на веќе зададени теми. Деновиве ќе објавам повеќе за тоа. Ви посакувам убава вечер и гушнете се себеси пред спиење, заслужувате“,  напишал Горазд.

ММС го контактираше Горазд, кој рече дека неговата пасија е да прави среќни луѓе. Изгледа дека во вакви моменти ни се потребни повеќе негови копии. Идејата да промовира книга во автобус е токму поврзана со среќата, односно луѓето да ги насочат мислите барем за момент кон нешто што ќе предизвика една поинаква моментална посреќна состојба.

„Џим Кери во едно интервју спомена ““The effect you have on others is the most valuable currency there is.”. (Мојата пасија е да ги правам среќни луѓето околу мене, знам дека е чудна пасијата). Ама што да правиш. Хахаха, не ја одбрав – таа ме одбра.. Луѓето кои се возат во автобус се сами со себе со задлабочен поглед низ прозорецот. Последното нешто што би им паднало на ум е дека некој “би ги замарал со поезија”. Целта на перформансот ми беше барем за момент “да ги извлечам од лавиринтот мисли” и им го разубавам возењето, барем на момент. Мислам дека дури и успеав во тоа. А и хоби ми е да се ставам себеси во неконфорни ситацуии. Навистина е предизвик да застанеш во автобус и да почнеш да рецитираш. Добро е, преживеав хахах’, вели Горазд за ММС.

За рецитирањето поезија во автобус што е едно несекојдневно место да промовираш книга, ова младо момче доби и аплауз од патниците, секако заслужено.

„Имав два перформанси во 41. И на одење, и на враќање. На одење поголемиот дел од патниците беа млади и доста кул помина. Имаше дури и аплауз на крај. На враќање имаше и постари патници меѓутоа и тие “ме прифатија позитивно”. Искрено многу пријатно сум изненаден од позитивните реакции на луѓето. Не го очекував тоа“, раскажува Горазд.

„Бетер Times“ е насловот на книгата, и како што вели Горазд нема таргет, може да ја прочита секој без разлика на пол, години и националност.

„Бетер на македонски значи полошо додека на англиски (Better) значи подобро. Длабоко во себе верувам дека од нас самите зависи во какви времиња ќе живееме, дали подобри/дали полоши. Книгата е буквално за секој што дише, без разлика на годините, полот или националност. Интересен факт за книгата е што самата книга е рачно напишана. Читателот има можност “да го сведочи” ракописот со кој книгата е напишана“, вели Горазд.

Горазд не застанува тука, за ММС открива дека веќе утре (30.03) има настап на ENGAGE настан органзииран од Младинскиот Образован Форум, каде како што вели  ќе бидат присутни и други млади интересни гости кои креираат разноразни работи за општественото добро.

Во видеото кое што беше споделувано на социјалните мрежи, Горазд вели дека ќе „собира стихови“ всушност со тоа го најавува неговиот нов проект на кој што моментално работи, насловен како „НИЕ“.

„ “Собирам поезија” од луѓе која ја пишуваме во моментот. Идејата ми е да се напише книга која би немала автор односно самите луѓе од овој град се автори на книгата. Една од целите ми е “да натерам” луѓе кои не пишуваат да напишат нешто. Резултатите до сега се извонредни“, изјави Горазд.

„Верувам дека единствено “оружје” во ова време е оптимизмот, насмевките и единството. Да бидеме јасни. Не е наивно времето во кое живееме и ситуацијата во целиот свет не е најблескава. Меѓутоа исто така верувам дека неопходно е да бидеме оптимисти (добро е и за имунитетот, го “јача”). Ајде да му се радуваме на живтотот и можноста што ја имаме секое утро кога се будиме. Замислете – УТРЕ МОЖЕ ДА НЕ НЕМА. Од кога почна пандемијата јас почнав да живеам како прав Stoic – секој ден го живеам  како да ми е последен. Секој ден се трудам да бидам што е  можно подобар и кон себе и кон другите. Што знам… Малце фали за да бидеме многу среќни. Благодарност. Емпатија. Љубов. Прегратка. Тоа се работите кои можеби нема да го спасат светот, меѓутоа сигурно ќе го направат поубав. Сакајте се себеси и другите околку вас. Многу кратко сме овде. Зарем навистина би сакале да го поминеме во апатија“, вели тој.

За крај Горазд испрати порака со неговиот поздрав преточен во поезија.

Би го започнал одговорот на прашањето со неколку стихови од книгата:

“Наоѓам дупки во закон за атракција
позитивен mind-set привлекува убавина,
од лоши искуства извлекувам знаења
што било-прошло, пак ќе се насмеам

 

Денес беше убав ден ☀️ Рецитирав поезија во 41 (два пати дури, и на одење и на враќање). Чувството е феноменално кога на некој ќе му го разубавиш денот, барем на момент.

Исто така работам на нов проект насловен “НИЕ”, каде “собирам стихови” од луѓе на веќе зададени теми. Деновиве ќе објавам повеќе за тоа (не ми работи мозоков веќе, 12 саати бев активен денес)

Ви посакувам убава вечер и гушнете се себеси пред спиење, заслужувате ❤

Posted by Gorazd Kitanovski on Sunday, March 28, 2021

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1