ММС

Објавено на: 03/29/21 5:17 PM

Направивме се да дојдеме до вакцини, нарачавме повеќе од тоа што е план за имунизација, изјави Заев

Направивме се, на секој можен начин да дојдеме до вакцини. Нарачавме повеќе од тоа што претставува план за имунизација. Нема некој што не сака порано да дојдат вакцините, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање, Заев уште еднаш повтори дека проблемот е во недостатокот на количини со кој се соочува целиот свет и не е изземен и Западен Балкан.

– Кога тргнавме со обиди преку приватни фирми да најдеме вакцини, бевме обвинети дека нешто тајно договараме. Направивме се, на секој можен начин да дојдеме до вакцини. Нарачавме повеќе од тоа што претставува план за имунизација. Имаме порачано 800 илјади преку Ковакс, 800 илјади Фајзер, 200 илјади од Кина и 200 илјади Спутник од Русија. 100 илјади се од Европа и 500 илјади направивме усна нарачка со Кина за во мај. Тоа се 2.600 за два милиони потреби, посочи Заев.

Го поздрави потегот на Србија да дозволи вакцинација на странски државјани.

– Немаме против определбата на нашиот народ да оди во соседна пријателска земја да прими вакцини. Ја поздравуваме пријателската доблест на пријателска Србија. Ќе беше многу подобро тука дома да се вакцинираат, но проблем има целиот свет заради недостаток на количини на вакцини. Западниот Балкан, освен Србија, е буквално во иста состојба, рече Заев.

Истакна дека пари за вакцините се обезбедени уште лани во септември кога се правел буџетот, а дополнително пари има и од грант од Европската Унија.

 

 

 

 

Извор:

mia.mk

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1