ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/29/21 12:17 PM

Пцовките на Несторовски не поминаа неказнето, Ангеловски го ослободи за мечот со Германија

Ниту писмото со извинување не го ослободи од одговорност Илија Несторовски, македонскиот фудбалски репрезентативец кој на квалификацискиот меч со Лихтенштајн при прославувањето на гол во победата од 5:0 упати пцовки директно во камерата.

“Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да и го соопштам на јавноста следното: Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија”, потврди селекторот Ангеловски.

Несторовски се извини со официјално соопштение дека неговите погрдни зборови не биле упатени кон јавноста, туку кон оредени поединци, но тоа ги разгневи фановите кои побараа да биде отстранет од селекцијата за да не ја нарушува атмосферата.

„Секако, се извинувам на секој што сметаше дека зборовите се упатени на јавноста. Не се упатени на јавноста, но како што веќе реков, на одредени луѓе. Не го направив тоа под притисок од публиката или од резултатот, туку го направив со студена глава. Како може некој тогаш да помисли дека им се обраќам на сите критичари додека ја имам лентата во тој момент! Беше за поединци. Каква одлука и да донесе селекторот, секако дека ќе ja прифатам! Уште едно извинување, и напред МАКЕДОНИЈА!“, соопшти Несторовски.

Орце Костов

фото: ФФМ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7