ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/29/21 8:57 AM

Шведска нема да успее да го оствари целосно планот за вакцинација

Шведска нема да ја исполни својата цел комплетно да ги вакцинира сите возрасни до 30-ти јуни – посочи координаторот за вакцини во земјата, Ричард Бергстром повикувајќи се на доцнењето на испораката на вакцините. Оваа скандинавска земја во четвртокот го регистираше најголемиот број новозаразени од почетокот на годинава во рамките на третиот бран на коронавирусот кој ја зафати Европа – пренесе Ројтерс.

„Ќе помине малку време додека сите не бидат вакцинирани, но можеби пет милиони луѓе ќе бидат вакцинирани до крајот на првата половина од оваа година, односно до 30-ти јуни. Ќе ни бидат потребни можеби уште две седмици во јули пред  сите да ги добијат две дози“, објасни Бергстром.

Досега во Шведска која има 10 милиони жители, повеќе од милион луѓе ја примија првата доза вакцина, додека околу 450 илјади веќе се вакцинирани со двете дози.

 

Извор: srbijadanas.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7