ММС

Објавено на: 04/5/21 7:03 PM

Сакам да се печам на ринглата, тоа е мојот сон – Александар Јосифовски со блескава музичка кариера

Младиот охриѓанец Александар Јосифовски уште од првиот настап во „Ѕвездите на Гранд“ ги освои симпатиите кај жирито и публиката.  Неговите настапи од шоу во шоу се повеќе воодушевуваат. Неоадмна  Александар доби критика за неговата долга коса, па поради коментарите реши да ја потстриже, што пак придонесе, да го споредуваат со неговиот ментор Ѓорге Давид.

За него Јосифовски вели дека е најдобриот музичар. За ММС Александар раскажа како се реши за ваков тип шоу, открива кој му е најголемата поддршка за време на натпреварувањето и што очекува од „Ѕвездите на Гранд“.

– Време беше како еден рокер да ја освежам сцената на рокенролот познавајќи дека самиот Ѓорѓе таму е како еден мисионер на рокенролот добив уште поголем поттик, открива натреварувачот и открива и какви коментари му годат и ги смета за предизвик во следните натпреварувања.

-Има и пофалби и поддршки и критики. Секогаш ми значат сите критики за понатаму да внесам труд и знаење. Ми преставува вистинки предизвик, вели тој.

 

Во шоуто Александар секогаш плени со неговите енергични настапи, па неговиот ментор Ѓорѓе Давид е посебно горд на својот натпреварувач.

— Ѓорѓе Давид во однос на работата ќе го опишам со еден збор Генерал. Се работи цврсто прецизно и со емоции. Строгоста е двигател на сите нас да одиме по правиот пат, рече Јосифовски и раскажа како се чувствувал кога морал да ја скрати својата долга коса која долги години му била заштитен знак.

– И порано сум имал кратка коса, па не беше тешко да го направам тоа и секако, како што викаме ние „стани легни“ фризура, е подобра опција.

Тој откри дека секој коментар за него е важен бидејќи со секоја критика  го подобрува својот настап и крајниот резулатат на настапите е секогаш одличен.

-Секој позитивен коментар ме освежува и ги сакам таквите коментари, останатото го прифаќам исто како позитивен коментар, зошто сметам дека од нив се учи најмногу.

Најголема поддршка и водилка по овој пат му е неговата мајка која исто е пејачка, како што самиот  вели таа, му е пред се голем другар, која го мотивира за секој следен настап.

– Елизабета мојата мајка, мојот другар мојата најголема поддршка и најголемиот влијател на мене. Како Ѓорѓе на негов терен, така Бети на нејзини терен. Од стајлинг до пеење буквално до се. Личност која најмногу ме сваќа и ме разбира.

Александар е од Охрид, но малкумина знаат дека тој еден период живееше во Мелбурн. Поради носталгијата и поради неговите планови тој решил да се врати во својата татковина и да започне со својата музичка кариера.

– После неколку години во Мелбурн, големата носталгија ме врати каде што цел живот функционирам. Дел од желбата да се вратам беше тоа што на домашен терен сакам да функционирам со она што го знам најдобро така се случи и моето студио кое се наоѓа во мојот дом во Охрид. Ова време е време на талент шоуа  каде квалитетот се бара насекаде и е такво време каде што е полесно да се успее на тој начин, вели тој.

Патот до успехот е многу трнлив, па понекогаш коментарите од жири комисијата знаат да бидат немилосрдни, реални што доведува до демотивација на натпреварувачите. Така неодамна се случи скандалозна ситуација кога Вања Кнежовиќ беше дисквалификувана од шоуто, па Александар го кажа својот став за оваа ситуација.

 

-Во врска со случувањата со Вања моето мислење е следново: Сепак треба да се почитуваат искусните, кои се тука за нас и со желба да не направат и подобри пејачи. Вредно е да се запази кодексот на однесување кон жирито кое на таа сцена е долги години, вели Александар.

Ѓорѓе Давид важи за исклучителен музичар кој секогаш точно знае каков коментар да даде,  ги советува и им помага и во музиката и во однесувањето.

– Ѓорѓе Давид пред се е еден голем другар, Шкорпија која се двои од многумина. Борец на работен план, а исто така во приватниот живот неуморно се залага за сите нас и од секого се труди да го извлече максимумот. Ете неодамна се одржа концертна емисија во Сараево по повод 40 години од постоењето на „Дивље Јагоде“ и благодарение на Ѓорѓе настапував со легендарниот Зеле Липоваќа меѓу кои учествуваа Тифа и неговата ќерка Сара. Најдобриот совет од негова страна е тоа што вреди да еден човек кој гради кариера се одрекне од секојдневните лоши навики кои влијаат лошо врз кариерата. А јас. Да бидам искрен? Се стремам кон победа. Тоа ќе биде една голема победа за мене, и мојата публика и рокенролот – вели Александар за своите очекувања од ова музичко шоу.

Тој вели дека наскоро се подготвува голем спектакл, но за тоа не смее да открива. Се додека не се дознаат резултатите од финалето на „Ѕвездите на Гранд“ ќе биде окупиран со неговиот успех во ова шоу.

-Ќе има многу интересни моменти, ќе се продолжи рокенролот како треба. Имам и свој бенд, веќе две години, но како што знаете се стагнира поради пандемијата.  Дали ќе бидам пејач на „Дивље јагоде“ сеуште не знам, но ако се случи тоа би ми било драго.  Засега се е фокусирано со шоуто. Подготвувам две преубави песни за наредниот настап, во април ќе имаме снимање за шестиот круг. Се работи напорно. Како на шоуто му се гледа крајот така обврските се поголеми. Со нашите наптреварувачи се дружиме, не сме во ист ден, на проби но се гледам со Мите, Марио, Мими и Александар. Ова шоу дефинитивно е мојот сон. Сцената што е како круг и ја викаат рингла е баш за мене..баш сакам да се печам дури можам, вели тој.

Александар е во брак со Теодора веќе четири години, но доколку се случи балканска кариера тој се надева дека нема ништо да се смени во неголвиот приватен живот, дека бракот ќе продолжи како и досега.

-Се надевам да остане како што е. Со Теодора имаме љубов. Таа ми е голема поддршка и се надевам дека ќе продолжи така и понатаму. Таа ми дава мотивација, ме бодри и критичар ми е. Таа е на ниво што се очекува да биде еден партнер. Иако повеќе сум надвор отколку што сме заедно, но ја разбира работата и засега немаме никаков проблем, вели Александар.

Весна Петровска

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.