Ќе патуваат ли Србите во Грција преку Македонија ќе се знае денес во Белград
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/29/21 8:05 AM

Ќе патуваат ли Србите во Грција преку Македонија ќе се знае денес во Белград

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис пристигна во официјална посета на Србија, а денес ќе има средба со Александар Сеничиќ, директор на Националното здружение на туристички агенции на Србија (ЈУТА). Сеничиќ за Нова.рс изјави дека на состанокот ќе се разговара за условите под кои српските граѓани ќе можат да одат во Грција ова лето, и дека ќе побара границите да бидат отворени за сите кои се вакцинирани, како и за оние кои имаат посакувани резултати од ПЦР, антигенски или серолошки тест.

Целта на посетата на грчкиот министер, потсетува Сеничиќ, е да се договорат деталите за договорот со кој ќе бидат дефинирани условите за патување на српските туристи во Грција, за кои ќе се разговара на денешната средба.

Тој за Нова.рс објасни на што ќе инсистира тој, како претставник на туристички агенции.

„Најважно за нас е да добиеме уверување дека Грција нема да биде затворена, без оглед на епидемиолошката состојба во Грција или Србија, како што беше случајот минатата година“, рече Сеничиќ.

Тој додава дека има и најави дека некои од граничните премини кон Грција ќе бидат затворени, поради што патниците од Србија ќе мораат да го користат бугарскиот премин.

 

„Тоа не е голем проблем за нас, но би било полесно ако можеме да патуваме низ Северна Македонија, имајќи предвид дека тоа е најбрзиот и најкраткиот пат до Грција“, рече тој, додавајќи дека повеќе детали ќе дознае денес и дека одлуката сè уште не е донесена.

 

Тој очекува да слушне какви услови планира да постави Грција за влез во земјата во текот на летото, и како што вели, тие ќе се обидат да ги направат што е можно полиберални.

Утре, како што вели, треба да се усогласат деталите и да се потпише нешто како заедничко соопштение на двете министерства, кое ќе ги содржи договорените услови. Конечниот документ ќе биде усвоен и потпишан подоцна, бидејќи тој мора да биде потврден од владите на двете земји.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7