ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/28/21 8:41 PM

Можеби ќе биде потребна и трета доза од вакцината Синофарм

Кинеската фармацевтска компанија „Синофарм“ објави дека по проценката на резултатите од третата фаза на клиничкото испитување во странство, ќе одлучи дали и кога е потребно да се дадат три дози од својата вакцина за коронавирус, наместо две, како порано.

Регулаторите и производителите на вакцини размислуваат дали е потребна трета доза на кинеската вакцина, поради загриженост дека новите соеви на коронавирусот може да ја ослабнат заштитата создадена од вакцината развиена врз основа на постарите соеви, пренесува Ројтерс.

b92


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7