ММС

Објавено на: 03/28/21 6:59 PM

Реџепи-Зејд: Не се откажуваме од законот за државјанство, со 4500 амандмани ќе се блокира и петтиот пакет мерки

„Кога се сака се’ се може. Како за законот за петиот пакет на економки мерки Власта и опозициската ВМРО-ДПМНЕ успејаа да се договорат за еден час. Така очекуваме да се договорат и за Законот за државјанство, во споротивно ќе продолжиме со блокадите, веќе поднесовме преку 4500 амандмани, рече пратеникот од Коалицијата Алијанса и Алтернатива, Скендер Реџепи Зејд во изјава за емисијата Стадион на Канал 77.

„Има еден поголем проблем, тоа е законот за државјанство, кој веќе два месеци тлее во Собранието и никој не покажува никаква доблест да се реши истиот. Од таа причина ние  ќе го блокираме и законот за петтиот пакет економски мерки, со поднесувањето на над 4500 амандмани, за да докажеме дека болката на граѓаните кои немаат државјанство е исто така човечка и дека амандманите не се за да се блокира помошта на граѓаните. Ние сме биле одсекогаш  и сме за таа помош, меѓутоа  блокирањето со амандмани е порака, да се седне и да се реши овој проблем,“ изјави Реџепи.

Тој се согласува дека на овој начин се блокира и Парламентот и државата, но се надева дека на лидерската средба закажана за утре, меѓу прашањата за коишто ќе се бара решение ќе биде и законот за државјанство.

Во врска со неговата изјава, дека луѓето ќе можат да почекат уште некој месец без плата, поважно е да се донесе законот за државјанство, Реџепи рече дека изјавата му била извадена од контекст за политички цели од одредени новинари.

В.Кр


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.