ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/28/21 6:30 PM

Совет на амбасадори: Зафир Хаџиманов беше еден од најсјајните брендови на македонската култура и музика

Советот на амбасадори со голема тага ја прими веста за смртта на Зафир Хаџиманов кој беше еден од најсјајните брендови на македонската култура и музика. Блескаше на естрадите со препознатливиот стил и талент, каде и да се појавеше, во Македонија, Србија, Хрватска, секаде низ регионот и пошироко.
Советот на амбасадори со гордост го познаваше и како културен амбасадор на нашата земја и го почитуваше како сјаен претставник на македонската култура, кој што ги промовираше нашите културни вредности особено и преку неговите квалитети како писател кој твореше и размислуваше на два јазика ,на мајчниот македонски и на неговиот извонреден српски јазик.
Според Советот на амбасадори  неговото заминување од културната и естрадната сцена, останува празнина во ризницата на македонската култура, како и во нашите срца!


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7