ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/28/21 1:38 PM

Една недела се трага по Ислам Лумани од селото Крани, апел за помош упати и градоначалникот на Ресен

Покрај семејството на Лумани, апел за помош побара и градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, во потрагата по 27 годишниот Ислам Лумани. Тој исчезнал на 21 март и оттогаш нема никакви информации за него. Во објавата на ФБ, градоначалникот Гошаревски побара секој што го видел и препознал да пријави во Полиција.

„ Полициските служби од полициската станица- Ресен, специјални полициски единици, екипи од Дирекцијата за заштита и спасување, пожарникарните, ренџерските служби и локалното население активно учествуваат во потрагата на Ислам Лумани од село Крани. Се до овој момент, нема големи индиции и докази дека лицето се наоѓа во водите на Преспанското Езеро или неговото крајбрежје. Истрагата продолжува понатаму, а секој оној што го видел или некаде го препознал Ислам Лумани, да пријави во најблиската полициска станица или на бројот 192, посочи Гошаревски.

Веќе една недела жителите од Преспанскиот регион и Полицијата од  трагаат по 27 годишниот Ислам од селото Крани.

Лумани, како што соопшти семејството, домот го напуштил на 21 март во 10 часот наутро, бил обчелен во сини пантолони, црно палто и црни чевли.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7